Top Sport

Навивачите на Евертон не го сакаат Переира, клубот тргнува по Лампард?

Витор Переира е пред повлекување од понудената работа како менаџер на Евертон, по бесната реакција на навивачите на клубот од Ливерпул, по што Френк Лампард станува главен фаворит за испразнетото место по отказот за Рафа Бенитез, тврди „Дејли мејл“.

Переира вчера пристигнал во Лондон за втора рунда преговори со „карамелите“, но по вестите за лутата реакција на навивачите на Евертон и графитите кои се појавија против него во близината на „Гудисон парк“, Португалецот не сака да презема работа во која би бил „омразен“ од стартот.

Доколку се повлече Переира, Френк Лампард повторно станува фаворит, бидејќи покрај позитивниот прием кај навивачите, тој има поддршка и од дел од бордот на клубот, предводени од генералната директорка Денис Барет-Баксендејл.

Евертон и претходно ги налутија своите навивачи со ангажирањето на Бенитез, поранешниот тренер на градскиот ривал Ливерпул, кому пак навивачите преку графити му порачаа дека знаат каде живее, во инцидент кој го истражуваше и полицијата.

Scroll to Top