Top Sport

Исланд ја декласираше Црна Гора, сега чека пораз на Французите

Исланд ги заддржа шансите за полуфинале на Европското првенство во ракомет во Унгарија и Словачка, откако со 34:24 (17:8) ја декласираше Црна Гора во последниот меч по групи и сега ќе се надеваат дека вечерва Данска ќе ја совлада Франција за да добијат место во борбата за медали.

Црна Гора имаше катастрофално прво полувреме, пред да се обиде да направи камбек во второто, но Исланд играше постојано со своите контранапади и на крајот го зголеми водството. Омар Инги Магнусон постигна 11 гола за Исланд, од кои 5-од-5 од пенал, додека Милош Вујовиќ пак беше најдобар за Црногорците со идентични 11 гола.

Со победата, Исланд дефинитивно го потврди третото место во групата и борба за 5/6 место, но ќе се надеваат на историско полуфинале со помош на Данците.

Scroll to Top