Top Sport

Навивачите на Интер контра претседателот Жанг: Оди си дома!

Дел од навивачите на Интер, очигледно не се задоволни од формата на нивниот тим, откако го пречекаа претседателот на клубот, Стивен Жанг со порака д си оди дома.

Интер по пандемијата на КОВИД-19, мораа да ги кратат трошоците, што предизвика заминување на тренерот Антонио Конте по освојувањето на скудетото во 2021, како и продажбата на Ашраф Хакими, Ромелу Лукаку, Андреа Пинамонто и Чезаре Касадеи. Покрај ова, тимот на Симоне Инзаги загуби во 5 од последните 10 меча во сите натпреварувања и притисокот е голем пред вечерашниот дуел со Барселона во Лигата на шампиони.

Scroll to Top