Франческо Ачерби го комплетираше трансферот во Интер, со позајмица со опција за купување од Лацио по неколку недели преговори во зделка која ги налути навивачите на двата клуба.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше упорен да го добие својот поранешен играч и постојано зборуваше дека му е потребен нов централен бек, но се тврдеше дека претседателот на клубот, Стивен Жанг не сакаше да ја зголеми високата сума која ја дава клубот на плати.
Тензија имаше и во Рим, каде што Ачерби беше „замрзнат“ во тимот на Маурицио Сари откако навивачите на клубот се свртеа против него и бараа тој да биде продаден, а ниту во Милано, навивачите на Интер нема да го пречекаат Италијанецот со добро, лути на случувањата од минатата сезона. Ачерби беше „фатен“ на камери како се смее по неговата грешка со која Милан стигна до победа над Лацио во клучен меч за борбата за титулата. Ачерби постојано инсистираше дека се работеше за смеење од фрустрација, а не од радост.
Acerbi ride al gol del Milan #acerbi #LazioMilan #SerieA pic.twitter.com/ztRpaQVkhb
— tuttocalcio_mercato_com (@calsciomercato) April 24, 2022