Top Sport

Навивачите на Јунајтед ги исвиркаа Тен Хаг и играчите по најлошиот старт во последните 34 години

Манчестер Јунајтед загуби со 1:0 од Кристал Палас на Олд Трафорд во седмото коло од Премиер лигата, а единствениот гол го постигна Јоаким Андерсен со прекрасен удар во 25. минута. Тоа беше четврти пораз за Јунајтед оваа сезона. Избраниците на Ерик тен Хаг имаат три победи и се наоѓаат на десеттото место на ВТА.

Тоа е најлошиот старт за Манчестер во последните 34 години. Играчите и тренерот беа испратени со свирежи од теренот. Тен Хег по натпреварот изјави дека ги разбира навивачите. „Ги разбирам навивачите. Играме на домашен терен против Кристал Палас и мораме да го добиеме. Со сета почит. Знам дека секој натпревар во Премиер лигата е тежок. Мораме да бидеме подобри, ова не е ни доволно блиску“. – изјави тренерот на Јунајтед.

„Можам да ви дадам причини зошто не играме добро, но вие би напишеле дека се оправдувам. Нема оправдувања. Мораме да победуваме. Тоа нема врска со среќа, тоа не може да се објасни така“, рече на прес-конференцијата по мечот „Тен Хаг“.

Scroll to Top