Навивачите на Манчестер Јунајтед синоќа го нападнале домот на потпретседателот и извршниот директор на клубот од „Олд Трафорд“, Ед Вудворд, објави „Скај Спорт“.
Инцидентот се случил во округот Чешир во северо-западниот дел на Англија. На снимката што се појави на социјалните мрежи се забележува дека хулиганите фрлаат чадни бомби и факели на куќата на Вудворд, на портата истуриле боја и истакнале парола: „Вудворд мора да умре“.
Клубот го потврди овој инцидент.
Во време кога се случил нападот Вудворд, неговата сопруга и нивните две деца не биле присутни на имотоt.
Навивачите на Манчестер Јунајтед се незадоволни од катастрофалните резултати што ги постигнува клубот во Премиер лигата.
"Manchester United Football Club have tonight been made aware of the incident outside the home of one of our employees… Fans expressing opinion is one thing, criminal damage and intent to endanger life is another. There is simply no excuse for this."pic.twitter.com/bexuq6cfhu
— Goal (@goal) January 28, 2020
Sejumlah suporter United menyerang rumah Ed Woodward di Cheshire, Inggris dengan cara melemparkan flare. #mufc
©️ Sky Sports, Mirror, MEN pic.twitter.com/isB4cIoARb
— Manchester United Indonesia (@ManchReds) January 29, 2020