Top Sport

Дибала со трогателна проштална порака за Зампарини

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала имаше трогателна порака по смртта на поранешниот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини, кој почина денеска на 80 години по компликации по операција.

Иако Зампарини беше познат по неговите брзи одлуки за отпуштање на тренери, под него, во Палермо играа многу таленти и во неговата ера клубот беше постојан во Серија А. Зампарини го донесе Дибала во Италија од Институто Кордоба во 2012 година за 11.9 милиони евра.

„Ти беше првиот кој веруваше во мене. Пристигнав во Италија како дете и твоето семејство ме прими во твојот дом. Претседателе, ти ми ги отвори вратите на прекрасниот град каде што сретнав прекрасни луѓе и уште имам големи пријатели. Ми даде шанса да ја продолжам кариерата каде што сакам, секогаш со респект и секогаш со најдоброто во мислите за мене. За тоа и за многу работи ќе бидам вечно благодарен и никогаш нема да те заборавам, претседателу. Твојот пичириду“, напиша  Дибала на Инстаграм.

„Пичириду“ е сицилијански дијалект за „мало момче“.

Зампарини, иако по потекло од северна Италија, од областа Фриули, беше респектирана личност на Сицилија, како лидер на Палермо од 2002 до 2018. Дибала играше три сезони во Палермо во кои постигна 21 гол во 93 натпревари, пред да биде продаден на Јувентус за 41 милиони евра во 2015.

Почина поранешниот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини

Scroll to Top