Скандалот со тепањето на сопствените мачки никако да го остави на мир дефанзивецот на Вест хем, Курт Зума, откако тој вчера беше предмет на потсмев и на шеги на „Енфилд“ на мечот против Ливерпул.
Пред 1:0 победата на „црвените“, еден навивач на Ливерпул реши да потроши малку пари и да откупи авион кој надлета над стадионот со порака „Cats Lives Matter“ (животот на мачките е важен), налик на антирасистичкото движење во САД, Black Lives Matter.
Секој допир на топката на Зума беше исвиркуван и пречекуван со песната: „Cat, cat, cat, cat…“, а дел од навивачите имаа и картонски мачки.
Зума беше казнет од Вест хем со 250.000 фунти откако на социјалните мрежи неговиот брат објави видео на кое тој ги тепа своите две мачки. Нешто што очигледно нема бргу да се заборави…
Вест хем официјално го осудија Курт Зума по видеото со малтретирањето на мачката