Top Sport

Сакаше да се тепа, но се откажа кога виде дека се работи за Ериксен

На вчерашниот меч помеѓу Норич и Брентфорд имаше интересна ситуација во која дефанзивецот на домаќините, Брендон Вилијамс веднаш се откажа до „тепачка“ кога сфати дека е во дуел со Кристијан Ериксен.

Вилијамс, кој е позајмен од Манчестер јунајтед, имаше жесток дуел со Ериксен во 38. минута од мечот, и очигледно беше лут што беше сопрен со фаул, обидувајќи се да почне конфликт, но кога сфати дека се работи за Данецот, кој се врати на фудбалот по срцевиот напад на ЕУРО 2020 минатата година, реши да го гушне противникот.

Scroll to Top