Top Sport

Навивачите на Ливерпул со песна: Го сакаме Лацио! (видео)

Фановите на Ливерпул кои пристигнаа во Рим, нормално застанаа зад вториот римски клуб, Лацио, пеејќи „Го сакаме Лацио“ на улиците на вечниот град.

Тензиите меѓу навивачите се на високо ниво, откако во Ливерпул имаше неколку конфликти, а навивачот на Ливерпул, Шон Кокс заврши во кома откако беше нападнат од група италијански навивачи.

Засега, нема проблеми во Рим, но ќе се види како ќе се одвива ситуацијата како ќе се зголемува количеството алкохол кој ќе се конзумира.

Ливерпул, интересно, го добија тренинг-центарот на Лацио во Формело за користење преку претседателот Лотито во знак на пријателство меѓу двата тима.

Ултрасите на Ливерпул и Лацио ќе се обединат во Рим?

Scroll to Top