Top Sport

Навивачите на Ница го навредуваа починатиот Емилијано Сала

Фудбалскиот клуб Нант беше огорчен од реакцијата на навивачите на Ница, кои за време на првенствениот натпревар, со Сент Етиен, го навредуваа покојниот поранешен фудбалер на Нант, Емилијано Сала.

Аргентинскиот напаѓач, почина во јануари 2019 година, кога неговиот авион се урна во Ла Манш. Тој на пат кон во Кардиф каде што требаше да стане играч на велшки клуб.

Навивачите на Ница го навредуваа Сала на натпреварот со Сент Етјен (4:2) во средата. Претходно, Нант и Ница се сретнаа во финалето на Купот на Франција на 7.мај, а победата ја однесе екипата на Нант (1:0).

„Тој е Аргентинец кој не знае баш добро да плива. Емилијано е под вода“, се слушаше од трибините на стадионот во Ница.

„Нант беше ужаснат кога дозна за скандирањето на одредени навивачи на Ница. Клубот може само силно да го осуди однесувањето на тие луѓе што го обезвреднува споменот на Сала“, се вели во соопштението.

Нант го повлече бројот девет во чест на играчот, кој постигна 48 гола на 133 натпревари.

Нант му се заблагодари на тренерот на Ница, Кристоф Галтје, кој рече дека е револтиран од скандирањето на навивачите.

„Немам зборови да го опишам она што го слушнав. Би сакале да му се извиниме на семејството на Емилијано Сала и на фудбалскиот клуб Нант“, изјави Галтије.

Тој додаде дека тие навивачи не биле добредојдени на стадионот на Ница.

„Тоа не треба да го слушаме на стадионот. Ако доаѓаат да ги навредуваат мртвите, тогаш подобро да останат дома. Луѓето понекогаш велат дека она што го гледаме на стадионот е одраз на општеството. Ако тоа е нашето општество, тогаш навистина е …“, заклучи тој Галтје.

Scroll to Top