Top Sport

Јувентус испратиле понуда до Погба

Јувентус сака да го врати Пола Погба во своите редови, со цел да го врати приматот во Италија и посериозно да се вклучи во борбата за трофејот во Лигата на шампионите.

Според информациите на италијанските медиуми, на Французинот, моментално член на Манчестер Јунајтед, Јувентус му понудиле неделна плата од 186.000 евра. Дополнително, би добил и големи бонуси, доколку клубот ги постигне зацртаните резултати.

Договорот на Погба со Јунајтед истекува во јуни оваа година и речиси е сигурно дека ќе ја промени средината. Јувентус ја зазеде пол-позицијата во борбата за играчот од средниот ред.

Во својот прв мандат во Торино од 2012 до 2016 година, Погба освои четири шампионски титули и два Купа на Италија. Пред да замине во Јунајтед одигра 178 натпревари.

Оваа сезона играше далеку од вистинската форма. На 27 натпревари постигна еден гол и имаше девет асистенции.

Scroll to Top