Top Sport

„Спалети ако заминеш ќе ти ја вратиме украдената Панда“

Навивачите на Наполи се незадоволни од работата на тренерот Лучијано Спалети и бараат негово заминување од клубот. Во последната акција тоа го истакнаа со транспарент на плоштадот каде по традиција се истакнуваат навредливи пораки за челниците на Наполи.

Наполитанците закачија транспарент на кој на Спалети му беше понуден украдениот автомобил во замена за неговото заминување.

На транспарент кој се појави пред стадионот во Неапол, беше испишан датумот на кражбата на автомобилот „Фиат Панда“ и пораката: „Спалети, ќе ти ја вратиме твојата Панда… ако си заминеш!“

На потписот под пораката пишува „крадци“.

Автомобилот на Спалети беше украден на 16 октомври минатата година пред хотел во кој тој престојуваше заедно со фудбалерите.

Ветувачката сезона во која сонуваа за својата прва титула по ерата на Диего Армандо Марадона се претвори во разочарување за навивачите на клуб од Неапол, кои веќе го изразија тоа незадоволство во неколку акции.

Меѓу тие дејствија беше и фрлање јајца кон автобусот кој ги превезуваше играчите на натпреварот против Сасуоло.

Scroll to Top