Top Sport

Навивачите на Рајо го „дезинфицираа“ стадионот по посетата на десничарските политичари

Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Валјекано, познати по своите левичарски убедувања, имаа необична акција на „дезинфенкција“ на својот стадион „Валјекас“, откако на натпреварот со Албасете (2:2) во посета на клубот беа двајца десничарски политичари.

Газдата Раул Мартино Преса ги покани на натпреварот  Сантијаго Абаскало и Роси Монастерија, лидери на ултрадесничарската партија „ВОКС“, по што навивачите во заштитни костими со метли го чистеа стадионот.

„Нашиот стадион и нашиот клуб мора да бидат слободни и исчистени од фашизам“, објавија навивачите.

Scroll to Top