Бесот на навивачите на Селтик по заминувањето на нивниот менаџер Брендан Роџерс во Лестер сити продолжува, откако полицијата потврди дека имало насилно влегување во неговиот дом во Глазгов.
Роџерс, кој претходно беше менаџер на Ливерпул, се врати во Премиер лигата со тимот на Лестер по отказот на Клод Пуел, по што следуваше насилна реакција на навивачите на Селтик, кои прво поставија погрдни транспаренти нарекувајќи го „измамник“, а дел од нив пееја песни во кои му посакуваа смрт на менаџерот.
Според „Скај спорт“, сопругата на Роџерс и нивната шестгодишна ќерка биле во домот кога влегле крадците и тие морале да се барикадираат во тоалетот, пред крадците да заминат со дел од украденото.
Роџерс освои седум титули со Селтик, вклучувајќи две тројни титули и беше на чекор до тројна-тројна титула пред да замине во Лестер.
Навивачите му пееја да умре, Роџер вели дека срцето му е во Селтик (видео)