Top Sport

Навивачите на ТОШК Тешањ ја платија казната на клубот

Навивачите на босанскохерцеговскиот прволигаш ТОШК Тешањ ја покажаа својата љубов кон клубот откако самите собраа пари и ја платија казната од 2.000 конвертибилни марки (1.000 евра) за мечот со Олимпик.

Популарните „Атомци“ минатиот викенд имаа акција за собирање пари откако лигата ги казни за лоша организација.

ТОШК е на 12. место во Лигата на БиХ со 13 освоени поени и ги очекува голема борба за опстанок во елитата. Тие неодамна го ангажираа Денис Садиковиќкако тренер на клубот. Гест за почит!

Scroll to Top