Top Sport

Дибиров и Гонзалес во октомврискиот идеален тим на СЕХА

Откако Вардар стигна до две победи во двата меча од регионалната СЕХА Газпром лига, во идеалниот тим за октомври се најде Тимур Дибиров, како и тренерот Раул Гонзалес.

Вардар дома го победи ППД Загреб, 30:23, а на гости триумфираше кај Целје со 31:28 задржувајќи го максималниот скор од шест победи во шест натпревари, а во исто време го имаат најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата.

Во објаснувањето за изборот за Тимур Дибиров како најдобро лево крило се вели: „Да го имаш во најдобрите седум и не е изненадување. Вардар оствари две важни победи, против Загреб и Целје, а Дибиров постигна по шест голови на двете средби. Ретко оди под тоа ниво. Раул мора да е среќен што го има во тимот”

Нашиот тренер Раул Гонзалес е вистински командант што одлично го предводи тимот. За него медиа тимот на СЕХА напиша: „Вардар е недопирлив – шест натпревари и шест победи. Октомври е месец кога актуелниот првак покажува дека се подготвува да го повтори успехот, победувајќи го Загреб и Целје. И истовремено со големи постигнувања и во ЕХФ лигата на шампионите. Аплауз за Раул кој сѐ уште не знае како изгледа пораз сезонава”

Идеален тим за октомври 2017

Голман – Клемен Ферлин (Горење)

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило – Бруно Буторац (Татран)

Пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)

Лев бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)

Среден бек – Лука Митровиќ (Целје)

Десен бек – Константин Игропуло (Мешков)

Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)

Фото: РК Вардар

Scroll to Top