Организацијата „Обединети навивачи на ФК Војводина“ остро реагираше на одлуката на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) да ја додели титулата од 1946 година на Црвена звезда, бидејќи тогаш воопшто немаше обединето првенство на Југославија.
Звезда ја доби титулата по гласањето во ФСС, за која гласаше и претставникот на ФК Војводина, со што оваа година ја прослави својата вкупно 30-та титула, додавајќи трета ѕвездичка на своите дресови.
Во 1946 година немаше првенство на Југославија, туку републички и покраински првенства за пополнување на сојузната прва лига во 1947. Хајдук на пример, ја освои хрватската титула (која подоцна им беше признаена), Црвена звезда српската, но и Спартак од Суботица од покраината Војводина.
„Навивачите на Војводина најостро ги осудуваат ваквите манипулации со историски факти и одрекнување на делот на својот народ и територија само поради една бесмислена ѕвезда од страна на Црвена звезда. Тие таканаречени српски патриоти не сфаќаат дека со овој чин, на 100-годишнината од припојувањето на Војводина кон Србија се откажуваат од Војводина и генерацијата на Срби кои се бореле за неа. Не е срам, бидејќи вие немате образ“, се вели во соопштението.
Дали Црвена звезда ќе ја добие „контроверзната“ титула од 1946 година?