Top Sport

Навивачите не го сакаат Бенитез во Евертон

Рафа Бенитез ситни детали го делат од клупата на Евертон. Сопственикот на „карамелите“, Фархад Мошури, закажал состанок со шпанскиот тренер, на кој треба да биде постигнат договор. Бенитез на функцијата ќе дојде на местото на Карло Анчелоти.

Бенитез стана прв фаворит за тренер на Евертон, откако клубот се откажа од Нуно Еспирито Санто. Екс-тренерот на Вулверхемптон, пред Евертон поставил нереални финансиски услови.

Бенитез, во кариерата, шест години го предводеше градскиот ривал на Евертон, Ливерпул, што не им се допаѓа на фановите.

Оние најрадикални, јасно го изразија својот став. Тие пред стадионот закачија транспаренти со навредливи содржини, со кои на клубот му покажаа што мислат за ангажманот на Шпанецот.

Scroll to Top