Top Sport

Навивачите не го сакаат Погба во ПСЖ

Навивачите на ПСЖ му испратија порака на Пол Погба дека не го сакаат во нивниот тим. Погба изминатите две недели се поврзува со „светците“, според медиумите клубот преговара со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер.

Навивачите на ПСЖ, со транспарент, му порачаа дека не е добредојден во нивниот тим.

„Погба послушај ја мајка ти. Таа не сака да дојде овде и ние не го сакаме тоа“.

Пол Погба никогаш во кариерата не играл во Лига 1. Како младинец од Авр се пресели во Манчестер јунајтед, а потоа играше и за Јувентус. Во 2016 година за 105 милиони евра се врати на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top