Top Sport

Паличка спречи сензација – Шведска го победи Бахреин

Ракометарите на Бахреин пропуштија шанса да приредат сензација во првото коло на Олимпискиот турнир во Токио. Шведска го победи Бахреин, во луда завршница со 32:31. Голманот Андреас Паличка во последната секунда одбрани пенал и спречи натпреварот да заврши без победник.

Бахреин ги изненади фаворизираните Швеѓани. Имаа ракометарите од оваа земја водство 29:31 во 54.минута, Шведска израмни на 150 секунди до крајот на мечот.

Потоа Бахреин ре реализираа напад, а Швеѓаните на 52 секунди постигнаа гол за водство. Во последната секунда беше досуден седмерец за Бахреин, но ударот на Мохамед Ахмед го одбрани ветеранот Паличка.

Останатите фаворити немаа проблеми, Норвешка го победи Бразил со 27:24, а Франција ја совлада Аргентина со 33:27.

Scroll to Top