Хаким Зијеш постигна два гола за да донесе 2:0 водство на европскиот шампион Челси, но нивните лути лондонски ривали, Тотенхем успеаја да се вратат за 2:2 реми во пријателски меч пред стартот на сезоната во Премиер лигата.
Зијеш прво стрелаше во 16. минута, за во 49. да зголеми на 2:0, најавувајќи катастрофа за Тотенхем (кои беа без отсутниот Хери Кејн), но Спарси не се откажаа. Лукас Моура во 56. минута намали на 1:1, пред Стивен Бергвајн во 70. минута да ги постави конечните 2:2.