Министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафора најави дека навивачите во септември најверојатно ќе се вратат на фудбалските стадиони. Услов за тоа е пандемијата на коронавирусот да се држи под контрола.
Серија А по рестартот на сезоната, по околу 100 дена прекин, продолжи без публика на стадионите, а до крајот на првенството има уште само 3 кола.
Очигледно дека стадионите нема да можат да бидат исполнети како порано. Низата мерки се уште се студираат и тие ќе мора да бидат почитувани“ рече Спадафора за италијанско радио.
Сезоната 2020/2021 во Серија А би требало да започне на средината на септември.