Неколку стотици хулигани со качулки на главите се судриле со припадниците на француските сили за безбедност, пред стадионот „Парк на принцовите“ веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.
Како што објави „Франс прес“ помеѓу 300 и 400 хулигани со разни предмети и чадни бомби фрлале по полицајците.
Францските медиуми јавија дека станува збор за хулиганите од озлогласената навивачка група ЦУП (Collectif ultras Paris CUP), кои стадионот го напуштиле десетина минути пред крајот на натпреварот, за по околните улици да бараат, навивачи на соперничкиот тим.
„Паризјен“ објави дека најпрвин биле претепани две лица за кои се претпоставува дека се навивачи на Црвена ѕвезда и дека потоа хулиганите се насочиле кон група од 50-тина навивали на тимот од Белград.
Полицијата интервенирала со солзавец и успеала по 20 минути да го расчисти метежот.
Des bagarres opposant des supporters parisiens à des fans serbes ont lieu actuellement autour du Parc des Princes. La police a fait usage de gaz lacrymogènes et tente de disperser les belligérants. #PSGFKCZ pic.twitter.com/NgtN35buF3
— Le Parisien – PSG (@le_Parisien_PSG) October 3, 2018