Top Sport

Симеоне: Само ќе повторам, Гризман е играч на годината

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Грзман, синоќа одигра одличен меч против Бриж во Лигата на шампионите. Гризман со два гола и една асистенција го предводеше својот тим до победата 3:1.

Веднаш по натпреварот, воодушевен од она што го прикажал Гризман, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне порачал дека францускиот напаѓач е најдобар играч во светот.

„И претходно говорев, сега само ќе повторам, Гризман е најдобриот играч во светот. Ја освои Лига Европа, потоа Светското првенство и Суперкупот на УЕФА и беше втор во лига, во која играат Барселона и Реал Мадрид. Реши да остане во Атлетико и сега ужива во тоа. Ова се исклучително значајни моменти за неговата кариера“, рекол Симеоне.

Атлетико по две кола има шест бода во групата, во Лигата на шампионите. Во наредните две кола, во А-групата, Атлетико ќе игра против Борусија Дортмунд.

Scroll to Top