Top Sport

Навивачки инциденти во Менхенгладбах, уапсени 250 лица

Полицијата во Менхенгладбах уапси повеќе од 200 луѓе кои учествувале во навивачки судири ноќта пред натпреварот од Бундеслигата меѓу Борусија и Келн.

Полицијата соопшти дека уапсила вкупно 205 „проблематични навивачи“, 131 навивачи на Келн и 74 домашни навивачи.

Полицијата интервенирала по жестоките судири пред стадионот каде приврзаниците на Гладбах ја подготвувале кореографијата за натпреварот.

Повредени се и тројца полицајци, од кои еден не можел да продолжи со својата должност, соопшти полицијата.

Полицијата наводно повикала засилување и употребила бибер спреј и палки за да ги раздвои двете групи.

Scroll to Top