Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, би можел да го пропушти полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Хрватска во вторник, откако вербално го нападна судијата Антонио Матеу Лахоз.
Аргентинците се пласираа во полуфиналето по пенал-драмата со Холандија, а Мартинез беше херој со два одбранети пенали.
Натпреварот донесе и голема тензија, многупати беше на работ на општ хаос, а Мартинез имаше што да му каже за судијата Лахоз.
„Судијата им даде сè и ги врати назад. Тој даде 10 минути дополнително време без причина. Сакаше само да постигнат гол. Тој човек е луд. Бидејќи неговата Шпанија беше елиминирана, тој сакаше да не избрка од СП. Тој е најлошиот судија на Светското првенство Се надевам дека повеќе нема да го гледаме бидејќи е бескорисен“, изјави Мартинез.
ФИФА покрена истрага против двете селекции, а Аргентинците стравуваат Мартинез би можел да биде суспендиран за натпреварот против Хрватска.