Тренерот и фудбалерите на Пари Сен-Жермен сметаа дека судијата Беноа Бастиен е главниот виновник за понижувачкиот 5:1 пораз од Лил во неделата, а Јулијан Дракслер мораше да биде заддржуван да не влезе во физичка пресметка со него.
Тимот на Томас Тухел пропушти уште една шанса да ја запечати француската титула, по што сметаа дека главен виновник е судијата.
„Овој судија ни го зема Лига купот, ни ги зема фудбалерите, сега ни зема сè“, се слуша Килијан Мбапе на видеото.
Дракслер мораше да биде заддржуван од голманот Алфонс Ареола додека врескаше: „Имаме ВАР, зошто не го користиш? Објасни го тоа!“. Во исто време се гледа и тренерот Тухел во расправија со сопственикот на клубот, Насер Ал-Хелаифи.
#Jplus1
?️ “Il nous prend la Coupe de la Ligue cet arbitre, il nous prend des joueurs, il nous prend tout !” #LOSCPSG pic.twitter.com/PLWqLt9Mv6— J+1 (@jplusun) April 14, 2019