Лука Мордиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Хрватот никогаш не криел дека сака кариерата да ја заврши во Мадрид.
„Лука Модриќ и Реал се договорија за продолжување на соработката на уште една година, а јавната тајна ќе им биде позната на сите во наредните недели кога Хрватот ќе потпише нов договор“, пишува „Марка3.
Овој извор додава дека договорот ќе биде многу сличен на оној потпишан минатата година.
„За Лука нема да има намалување на платата или промени во клаузулите. Тој ќе си ја исполни желбата да игра за Реал на 38 години. Тој ќе стане вториот најстар играч во белиот дрес во историјата на клубот, постар од него бил само Ференц Пушкаш кој играше на 39 и 36 дена. За да стане рекордер Лука би морал да продолжи на уште една година, за сезоната 2024/2025. Ќе има време за тоа, сега Модриќ е фокусиран на актуелниот момент со Реал“, се додава во текстот.
„Марка“ пишува дека продолжувањето на договорот, иако Модриќ живее во последните месеци без да знае што го чека, всушност било многу едноставно.
Неговата желба да ја продолжи кариерата во Реал го поттикнала воопшто дане ги разгледува понудите од Саудиска Арабија и Катар.
„Тоа беа суми што ќе ги натераат сите да застанат и да размислат“, истакнува мадридскиот весник.
„Марка“, открива дека Модриќ лично му се јавил на претседателот на клубот, Флорентино Перез и го повикал на состанок. Перез бил воодушевен
Договорот треба да биде потпишан наскоро, можеби по полуфиналето од Лигата на шампионите што Реал го игра против Манчестер Сити.