Top Sport

Не е така како што изгледа! Роналдо сепак му честиташе на Бернардо Силва (видео)

Кристијано Роналдо и Португалија во неделата го освоија првиот трофеј од Лигата на нации на УЕФА, но му „избега“ наградата за најдобар фудбалер на турнирот, која отиде кај сонародникот од Манчестер сити, Бернардо Силва.

Сепак, снимката која се „сврте“ од необичната реакција на Роналдо која инсинуираше дека тој не е среќен што ја загуби оваа награда и не му честиташе на Силва не ја кажува целата приказна. Во продолжената снимка, сепак, се гледа како Роналдо му честита на Силва, така што можеби критиките беа претерани.

Scroll to Top