Пари Сен-Жермен вчера загуби кај Ница со 1:0, во меч во кој бразилската мега-ѕвезда Нејмар на крајот беше лут на својот ривал Амин Гуири кога тој направи трик кој самиот Нејмар го има направено повеќе пати.
Анди Делор го постигна единствениот гол на мечот, и во финишот на мечот, Ница се обидуваше да ги потроши последните секунди, кога 22-годишниот Гуири покрај корнерот се обиде со таканаречен „виножито“ потег пред Нејмар. Бразилецот се налути и го турна својот противник, пред помошникот судија да спречи инцидент.
Иронично, самиот Нејмар во септември се жалеше кога за ваков потег, кој за многумина е потценувачки за противникот, доби жолт картон неговиот бразилски сонародник, Лукас Пакуета, велејќи дека жали за „жога бонито“, бразилскиот стил на фудбал.
Gouiri got Neymar triggered lol pic.twitter.com/bYJAglQXkt
— A (@ItsAhmedIndeed) March 5, 2022
Жолт картон за обид за дриблање? Пакуета казнет, крај за „жога бонито“