Top Sport

Жолт картон за обид за дриблање? Пакуета казнет, крај за „жога бонито“

Дали модерниот фудбал се сведе на ова – казнување на обид на атрактивно дриблање на противникот? Фудбалските фанови останаа зачудени откако Лукас Пакуета од Лион во средата доби жолт картон во обид да го „излаже“ својот противник со атрактивен потег при 3:1 победата на Лион над Троа.

Откако поранешиот фудбалер на Милан, Пакуета постигна гол во 87. минута, тој се обиде да го помине притивникот со таканаречен „виножито“ потег, но топката го удри фудбалерот на Троа. Зачудувачки, судијката Стефани Фрапар реши да му даде жолт картон.

Бразилските фудбалски фанови на социјалните мрежи се јавија со илјадици пораки со коментар дека европскиот фудбал ја уништува убавината на фудбалот, иако официјалното објаснување е дека тој добил жолт картон поради игнорирањето на судијката.

Неговиот сонародник, Нејмар исто така реши да реагира.

„Навистина тажна епизода, да добиеш жолт картон поради дриблање. ‘Количката’ (како што е познат потегот во Бразил) е фудбалски потег било кога на теренот. Лани ми се случи мене, оваа година на Лукас Пакуета. Не сфаќам. Славната ‘Жога бонита’ (прекрасната игра) доаѓа до крај. Уживајте додека трае или борете се да се врати“, напиша Нејмар.

Scroll to Top