Top Sport

Не играат натпревари, а наплаќаат влезници

Манчестер сити им ги наплаќа претплатните билети на навивачите иако поради коронавирусот сезоната во Англија е прекината пред две недели и сигурно нема да продолжи ниту наредниот месец.

Манчестер сити на навивачите кои имаат претплатни билети, а ќе плаќаат со картичка и понатаму им наплаќа билети. Шокиран од откритието еден навивач една недела до клубот го испраќал истото прашање, зошто го правата тоа, а кога го добил одговорот решил да го објави на „Твитер“.

„Иако натпреварите се одложени до 30 април ние ќе продолжиме да работиме како и досега, ќе ги примаме уплати преку платежните картички и за месец април. Така ќе бидете сигурни дека ќе можете да влезете на стадионот веднаш кога ќе продолжи сезоната. Доколку челниците на Сојузот и лигата ни испратат поинакви препораки тогаш ќе делуваме според тие упатства“.

Scroll to Top