Top Sport

Не можат без Меси, нов кикс на Барселона (Видео)

Актуелните шампиони на Шпанија, фудбалерите на Барселона, на своите навивачи им приредија уште едно разочарување од почетокот на сезоната. Вечерва, Барселона во Памплона, одигра само 2-2 со Осасуна.

Осасуна, минатата сезона ја освои Сегунда и се врати меѓу шпанската елита, од почетокот на првенството нема пораз. Тимот од Памплона има една победа и два пати одигра нерешено. Барселона од друга страна има победа, пораз и реми.

Без Лионел Меси, Барселона одигра катастрофално во првото полувреме. За 45 минути играчите на Барселона не упатија удар кон противничкиот гол.

Домаќините постигнаа гол од единствената шанса, кога во седмата минута Торес успеа да го совлада Тер Штеген.

Тренерот на Барселона Валверде направи две измени во вториот дел, на теренот вегоа тинејџерот Фати и Бразилецот Артур. Овие двајца го креираа пресвртот. Најпрвин израмни Фативо 51 минута, а потоа Артур во 64 минута ѝ донесе предност на Барса.

Фати стана третиот најмлад стрелец во историјата на Ла Лига.

Сепак до крајот Оссуна стигна до бод. Лоша реакција на Пике пред својот гол. домашните добија пенал, а Торес во 81 минута го постави конечниот резултат.

Scroll to Top