Рафаел Леао, најдобриот играч на Милан, остана во шок откако го слушна како новинарот Микеле Криситиело ги советува неговите ривали како да играат против него. Микеле Криситиело, главниот уредник на „Спортиталија“ ги „советуваше“ противниците на Португалецот да му ги скршат нозете.
Криситиело во програма во живо на една телевизиска куќа ги „посоветува“ играчите на ривалите на Милан како да го задржат брзиот Португалец.
„Знаеме кој е Леао, не му ги дозволувајте оние негови спринтови. Добијте жолт картон, црвен, портокалов или што и да е, скршете му ги нозете“.
Шокираниот Леао се огласи на „Твитер“: Проблемот не е кој ги кажува овие работи, проблемот се оние кои го дозволуваат тоа“.
Криситиело, исто така, се огласи на социјалните мрежи за да појасни дека не го мислел тоа што го кажал, туку дека сакал да илустрира дека Леао е незапирлив кога ќе почне да трча од својата половина од теренот.
„Дали навистина не ја разбирате поентата? Леао може да се запре само ако му се „скршат“ нозете затоа што е феномен“, напиша тој.
23. годишниот Леао, вреден 80 милиони евра според „Трансфермаркт“, постигна 13 и забележа 12 асистенции во 41 натпревар за Милан оваа сезона.