Top Sport

Не очекува премиерлигашко лето – четири меча дневно на „Вембли“?

Премиер лигата наводно ќе стане „ТВ настан“ во јуни или јули поради корона вирусот, со натпревари на секои четири дена, тврди британскиот весник „Тајмс“.

Повеќето клубови имаат уште девет преостанати натпреваи пред крајот на сезоната, и сите сакаат таа да се комплетира бидејќи од тоа зависат огромните средства кои ги добиваат преку ТВ-правата. Според извори на „Тајмс“ од Премиер лигата, се верува дека кога фудбалот ќе се врати, ќе се игра само како „ТВ настан“ со четири натпревари дневно на „Вембли“ во специјални услови.

Засега, нема официјален датум кога ПЛ би можела да се врати бидејќи Велика Британија уште е во карантин. Повеќето клубови се обидуваат да склучат договори за намалување на платите на фудбалерите, но засега преговорите не одат најдобро и досега само Вест хем и Саутемптон успеаја да склучат вакви договори.

Scroll to Top