Top Sport

Кукоч: Коби само го копираше Џордан

Пред неколку дена хрватскиот кошаркарски великан Тони Кукоч беше во центарот на вниманието по новата одлука на Куќата на славните на кошарката да го изземат неговото име од разгледување за членство во елитната организација, но американските медиуми се „фатија“ на негова изјава околу Коби Брајант и Мајкл Џордан.

Кукоч беше дел од славната генерација на Чикаго булс покрај Џордан и Скоти Пипен, и очигледно немаше најдобро мислење за „наследникот“ на Џордан, Коби Брајант.

„Коби Брајант беше само копија на Мајкл Џордан, што малку го става во сенка кога зборуваме за најдобрите на сите времиња. Играа на иста позиција, беа слично градени, и факт е дека Коби копираше речиси сè од Џордан и така ја изгради својата ментална сила. Наскоро ќе излезе документарен филм за Булси и луѓето во тие 10 епизоди ќе ги забележат тие сличности. Двајцата беа подготвени да загинат за победа и работеа напорно за да бидат најдобри. Но, за мене, Џордан е чудо на природата, понекогаш спиеше по три часа, а потоа доминираше над противникот“, вели Кукоч во тоа интервју за хрватскиот „Тпортал“.

Дека не е единствениот кој го има ова мислење, зборува и старата изјава на Мајкл Џордан дека само Коби може да го победи 1-на-1 бидејќи ги копира неговите потези.

Scroll to Top