Top Sport

Не помогна ниту „чудото“ Халанд – убедлив пораз на Дортмунд во „Борусен дербито“

Ерлинг Халанд уште еднаш го покажа својот неверојатен талент за голови со два гола во шест минути, но тоа не помогна на Борусија Дортмунд која во „Борусен дербито“ загуби на гости кај Борусија Менхенгладбах со високи 4:2.

Мечот започна со поништен гол за Флоријан Нојхаус уште во втората минута, но Менхенглдабах поведе со голот на Нико Елведи девет минути подоцна. Тогаш на сцена стапи норвешкото чудо Халанд, кој во 22. и 28. минута постигна два гола за пресврт. Домаќините, сепак, брзо се созедоа и Швајцарецот Елведи во 32. минута осигура на одмор да се отиде со 2:2.

Рами Бенсебаини ги врати Гладбах во водство во 49. минута, пред во 78. минута, Маркус Турам да ги постави конечните 4:2. Менхенгладбах со победата ги прескокна Дортмунд на четвртото место на табелата со 31 поен, додека „милионерите“ се петти со 29 поени по двата порази во низа.

Scroll to Top