Top Sport

„Не сме добиле понуда за Икарди“

Директорот на Интер, Пјеро Аусило, изјавил дека во клубот не пристигнала никаква понуда за Мауро Икарди. Аурелио на овој начин им одговорил на медиумите кои пишуваат дека Аргентинецот постигнал договор за трансфер во Јувентус.

Во меѓувреме Икарди остана без капитенската лента, потоа го пропушти дуелот со Рапид во Лига Европа, а не тренира со соиграчите поради повреда на коленото.

„Тешка беше одлуката да го смениме капитенот, коа сите ја поддржаа. Причините се сериозни. Не би сакал јавно да зборувам за нив. Мауро е важен играч, во ниту еден момент кај нас не се појавил сомнеж во неговите квалитети. Поради тоа се надевам дека уште долго време ќе биде со нас. Морам да кажам дека не сме добиле никакви понуди за него“, рекол Аусилио.

Мауро Икарди има договор со Интер до јуни 2021 година, меѓутоа во периодот од 1 до 15 јули 2019 година ќе биде активирана клаузулата дека тој може да замине доколку некој клуб плати за него 110 милиони евра. Оваа клаузула не важи за клубовите од Италија.

Scroll to Top