Поранешниот најдобар чешки фудбалер, Павел Недвед (46) се најде во центарот на пишувањата во чешките таблоиди, а светските медиуми ја пренесоа веста. Имено, информациите се дека екс-фудбалерот ја оставил сопругата Ивана и неговите две деца за да отиде во прегратките на 23-годишната Лусиа Ановчина.
Недвед е на мета на критики во Чешка пред се поради разликата во години меѓу него и новата девојка. Таа, според пишувањата, кога се родила тој веќе три години бил во брак.
Италијанскиот портал „L’Arena del Calcio“ пренесува погрдни коментари за Недвед како новата девојка може да му биде ќерка (таа е една повозрасна од неговата постара ќерка).
Чешките медиуми пишуваат дека Павел се развел со сопругата со која биле 25 години во брак.
Новата девојка на фудбалерот се занимава со коњички спортови.
Pavel Nedved i tjeckisk skvallertidning, påstås ha lämnat sin fru och träffat en kvinna hälften hans ålder.#Nedved #Juventus #Blesk pic.twitter.com/anSvgl2JNG
— Juventus Club Svezia (@ClubSvezia) August 8, 2019