Top Sport

Недвед: Роналдо ќе остане во Јувентус

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, рекол дека Кристијано Роналдо ќе остане во клубот.

Португалскиот репрезентативец се уште се наоѓа на одмор. Од понеделник треба да се појави на клупските подготвки.

„Кристијано се враќа во клупската база во понеделник. Ќе остане со нас“, рекол Недвед.

Планот на челниците на Јувентус е да разговораат со Роналдо околу продолжување на договорот. Актуелниот му истекува во јуни 2022 година.

Доколку се согласи да остане во Јувентус уште една година, тогаш Роналдо треба да се согласи платата да му биде намалена на 20 милиони евра.

Кристијано Роналдо (36) е во Јувентус од 2018 година. Минатата сезона постигна 29 голови во Серија А.

Scroll to Top