Top Sport

Само под услов да се врати во Атлетико, Гризман би заминал од Барселона

Барселона има желба да го продаде Антоан Гризман, за да се ослободи од неговата астрономска плата. Францускиот репрезентативец има јасна желба каде би ја продолжил кариерата. Тој сака да се врати во Атлетико, во споривно ќе остане во Барселона, пишува „АС“.

Барселона на сите начини се обидува да го намали буџетот са плати, за да го испочитува селерикапот на Ла Лига и за да може да го потпише договорот со Лионел Меси.

Во овој момент, бидејќи Меси не е под договор со Барселона, Гризман е далеку најплатениот играч во клубот.

Барселона го понудила напаѓачот на екипи од Премиер лигата, но Гризман нема намера да се сели во Тотенхем, а Манчестер сити се заинтересирани за Хари Кајн. Исто така, според „АС“, размената со Атлетико, Гризман за Саул пропадна, бидејќи Каталонците барале покрај Саул „јорганџиите“ да доплатат и 12 милиони евра.

Гризман, повеќе пати, истакнал дека би сакал повторно да соработува со Диего Симеоне, под чија палка стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Scroll to Top