Ждрепката ги смести Јувентус и Барселона во иста група во Лигата на шампионите. По пауза од две години двајцата најдобри во светот Лионел Меси и Крстијано Роналдо повторно ќе играат еден против друг. Во оваа група покрај фаворитите се и Динамо Киев и Ференцварош.
„Ќе биде тоа голем дуел и фасгинантна средба на двајцата најдобри играчи во светот Роналдо и Меси. Исто така ќе ги видиме Миралем Пјаниќ и Артур кои ова лето ги сменија клубовите. Динамо Киев е солиден тим со искусниот тренер Мирчеа Луческу. Унгарците не ни се познати, но тоа може да предизвика и проблеми“, рекол директорот на Јувентус, Павел Недвед.
Меси и Роналдо еден против друг последен пат во Лигата на шампионите играле во 2011 година, тогаш во полу-финалето Барселона го елиминираше Реал.