Top Sport

Неефикасно во Градски парк – Работнички и Ренова одиграа 0:0

Немаше голови на денешниот прволигашки натпревар на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје – единствен што се одигра во саботниот термин.

Работнички и Ренова ремизираа заврши во натпреварот од 16. коло во ПМФЛ.

Иако „Романтичарите“ ја прекинаа серијата од три порази во низа, сепак не успеаја да го освојат целиот плен и останаа осмопласирани на табелата со 19 бодови, во моментов седум помалку од Ренова која е на четвртото место.

Утре се играат пет натпревари од ова 16. Коло, се среќаваат: Академија Пандев – Брегалница, Борец – Македонија ЃП, Скопје – Шкупи, Шкендија – Пелистер и Струга – Тиквеш. Сите натпревари почнуваат во 13 часот.

На табелата Шкупи е прв 35 бода, па следува Академија Пандев со 31 и Шкендија со 27 бодови.
Фото: ФК Работнички

Scroll to Top