Top Sport

Окампос погоди – Севилја е втора на табелата во Ла Лига

Еден гол им беше доволен на фудбалерите на Севилја да ги соберат трите бода од дуелот со Вилјареал. Мечот заврши 1-0, а стрелец на единствениот погодок за победа на тимот од Андалузија беше Окампос во 16 минута, по асистенцијата на Акуња.

Иако фудбалерите предводени од Лопетеги имаа помал посед на топката на овој меч, а имаа и помалку удари кон противничкиот гол, сепак еднаш ја затресоа противничката мрежа, додека голот на Боно беше зачуван.

Со оваа победа, Севилја по 15 одиграни натпревари со 31 поен е втора на табелата во Ла Лига, зад лидерот Реал Мадрид.

Зад нив се Атлетико Мадрид со два бода помалку, но денеска „Јорганџиите“ ја пречекуваат екипата на Мајорка.

Scroll to Top