Top Sport

Нејмар: Бев пијан против Лориен, затоа играв добро

Пари Сен Жермен конечно одигра според очекувањата на дуелот против Лориен (5:1) во француското првенство, а двоен стрелец беше Нејмар. Посебно убав беше неговиот втор гол за конечни 5:1 во 90. минута. Тој ја прими топката во своето поле, ги издрибла одбранбените играчи, одигра двојно додавање со Мбапе и го постигна својот седми гол сезонава.

Потоа ги „пецна“ сите го критикуваа во изминатиот период.

„Ова функционираше затоа што бев пијан… Како што би рекле некои овде“.

Француската јавност упати големи критики за Нејмар по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите потенцирајќи дека наводно имал непрофесионален пристап во клубот и на тренинзите доаѓал во алкохолизирана состојба.

Scroll to Top