Top Sport

Нејмар добива нов договор од ПСЖ

Пари Сен Жермен подготвувале нов договор за незадоволниот Нејмар, иако Бразилецот цело лето работеше на трансферот во Барселона.

Челниците на ПСЖ, предводени од претседателот Насер Ал Калифи веќе ги започнале преговорите со менаџерите на Нејмар, околу продолжувањето на соработката.

Состанокот е одржан неколку недели по тензиите што владееја помеѓу двете страни, кога Нејмар бараше трансфер, а ПСЖ се обидуваа да го продадат или можеби не? Цената што тие ја бараа за Бразилецот беше 300 милиони евра, а Барселона таа сума не можеа да ја платата.

Нејмар пред две години за рекордни 222 милиони евра пристигна во Париз. Тој има плата од 36 милиони евра, а повеќе на годишно ниво заработува само Меси.

Scroll to Top