Top Sport

Нејмар e успешно опериран во Доха

Бразилскиот ас Нејмар претрпе успешна операција на десниот скочен зглоб во клиника во Доха, Катар. Напаѓачот на Пари Сен Жермен се повреди на натпреварот од 24. коло во францускиот шампионат против Лил (4:3).

Претходно беше објавено дека 31-годишниот бразилски интернационалец ќе се врати на тренинзите за околу четири месеци. За него оваа сезона е завршена.

Бреазилецот забележа 29 настапи во дресот на ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 17 асистенции.

 

Scroll to Top