Top Sport

Интер има летен план за Џанлука Скамака

Интер е заинтересиран да го ангажира напаѓачот на Вест Хем, Џанлука Скамака. Тимот од „Џузепе Меаца“ речиси сигурно ќе треба да потпише нов напаѓач по завршувањето на сезоната, со оглед дека истекува договорот на Един Џеко, а исто така не е јасно дали Ромелу Лукаку ќе остане по завршувањето на неговата позајмица од Челси. Токму поради тоа „нероаѕурите“ го насочија погледот кон италијанскиот репрезентативец, пренесува „Газета дело спорт“.

Скамака летото со големи очекувања беше доведен во Вест Хем од Сасуоло, но не го покаже најдоброто од себе поради повредите кои го мачат оваа сезона. Досега има 25 натпревари и седум гола за „чеканите“.

24-годишниот фудбалер има договор со Вест Хем до 2027 година, па на Интер ќе му биде тешко да го ангажира. Идејата на „нероаѕурите“ е да испратат понуда за позајмица, со опција за откупување на договорот.

Scroll to Top