Top Sport

Нејмар ги трола критичарите: „Дебелкото“ е огнен!

Откако беше критикуван дека има вишок на килограми и не е доволно физички подготвен, Нејмар уште еднаш им одговори на „троловите“ со фотографија од победата од 2:0 на Бразил на Перу, на која се гледаат неговите стомачни мускули, одговарајќи: ‘Дебелкото е огнен!’

По фотографиите кои се појавија од мечот со Чиле минатата недела, Нејмар на шега велеше дека добил преголем дрес и дека следниот пат ќе побара дрес со величина „М“.

Нејмар смета дека медиумите покажуваат непочитување иако веќе има 69 гола за Бразил во 113 меча за националниот дрес. Бразил има осум победи во осум меча во квалификациите за СП во Јужна Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 10 ?? (@neymarjr)

Нејмар се налути на пораките дека се здебелил: Дресот ми е голем!

Scroll to Top